Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Данела Арсовска поседува и бугарска лична карта, и таа ја криела исто како бугарското државјанство, повторува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Screenshot-2021-09-29-at-19.38.33

„Јавноста веќе дозна дека во 2011 година кандидатката на Никола Груевски Данела Арсовска се стекнала со бугарско државјанство за што постои и документ „Удостоверение“. А вчера јавноста сведочеше на уште еден документ – личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти. Случајно или не, бугарска лична карта е издадена на петти мај 2017 година, или само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието. Граѓаните имаат право да знаат каква намера и цел имала Арсовска кога ја добила бугарската лична карта само неколку денови откако пропадна обидот да се убијат пратеници и да се спречи демократска промена на власта“, велат од СДСМ.

„Арсовска може колку сака да се крие зад партиски соопштенија, да излегува на нервозни прес-конференции, но ништо не може да го сокрие фактот дека освен што е конзул на Унгарија, освен што е инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта. Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања и тајни не поминуваат кај скопјани. Во Скопје не поминува ниту странска инсталација која работи спротивно од интересите на граѓаните. Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет. Во недела на 31 октомври да се обединиме и да не дозволиме странски инсталации поврзани со режимот да добијат можност да го уништуваат Скопје“, додава СДСМ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања