„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Данела е во хибернација, освен што пали низ Скопје - ситуацијата е критична, градот е јавна депонија, алармира Христовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Screenshot-2024-08-10-at-10.07.25

Ексдиректорот на Градски паркинг, Бојан Христовски, жестоко удри во скопската градоначалничка, Данела Арсовска. Откако беше запален автомобилот на Драги Митковски-Книга, Христовски вели дека Арсовска е во хибернација освен што пали низ Скопје.

— реклама —

„Ова не е Скопје на кое ние се сеќаваме! Огромен број мои сограѓани денес се одзваа на повикот за будење на Данела, но таа сеуште е во хибернација (освен што пали низ Скопје). Во екот на летната сезона, со температури над 40 степени, Скопје е преплавено со непријатна миризба од сметот кој се цеди од камионите на Комунална хигиена. Камионите на ЈП "Комунална хигиена" оставаат зад себе течност со бактерии која возилата ја разнесуваат низ цело Скопје. Градската власт не прави ништо—ниту ги мие, ниту ги дезинфицира јавните површини и контејнери“, вели Христовски.

Според него, асфалтот лепи, реата е неподнослива, а градот е претворен во легло на зарази.

— реклама —

“Градот е претворен во јавна депонија, а ситуацијата е критична. Скопје не може повеќе да ја трпи немарноста и садизмот на Арсовска кон жителите и градот Градоначалничката директно го загрозува јавното здравје на скопјани и за тоа треба да сноси одговорност! Дополнително, ЈП "Комунална хигиена" е целосно распадната и нефункционална, не се следат никакви распореди за собирање ѓубре, а прашање е дали има и доволно камиони. Да Ве потсетам дека додека ние редовно ги плаќаме сметките и огромни средства се слеваат во буџетот на ова јавно претпријатие, токму за време на мандатот на Данела Арсовска се сменија неколку директори и се случија бројни проблеми и скандали во работењето. Прашањето е дали претпријатието има соодветна механизација и доволно вработени, или сè е распарчено од директорите на Арсовска? Многу одговори ќе треба да се добијат преку финансиски ревизии откако скопјани ќе и дадат црвен картон на следните Локални избори во 2025 година“, додава Христовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања