Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Данела им ги покачува платите на 6.000 вработени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
danela-arsovska-1

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска потпиша колективен договор со репрезентативниот синдикат на Град Скопје со кој платите се зголемуваат за 10 проценти. Градоначалничката Арсовска го остварува ветеното за усогласување и зголемување на платите на вработените во Град Скопје и јавните претпријатија. Арсовска истакна дека е неопходно вработените во јавниот сектор да бидат ефикасни, брзо и навремено да ги извршуваат работите и да испорачуваат услугите за граѓаните, а со покачувањето се стимулира подобрување на квалитетот на работа.

Пред неполни две години градоначалничката Арсовска уште при преземањето на функцијата градоначалник на Град Скопје, ја поддржа иницијативата на Синдикалната организација на Град Скопје и потпиша нов Колективен договор со кој се проширија правата на вработените во градската администрација, се зголемија бодовите и се регулираа правата на пожарникарите. Дополнително во 2022 година Град Скопје беше првата единица на локална самоуправа која ги зголеми линеарно платите за 2800 денари на сите вработени, а со потпишувањето на овој колективен договор се овозможува зголемување за над 6000 вработени.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања