Данела ќе остане без ингеренции и за други проекти наследство од Петре

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
danela59012

Владин тим работи на изнаоѓање решенија за преземање на дел од капиталните проекти на Град Скопје кои градоначалничката Данела Арсовска не ги реализира. Премиерот Димитар Ковачевски денес извести дека ингеренциите на Арсовска нема да и бидат одземени само за реконструкцијата на Универзална сала туку се бара можност за преземање и на проектот за пречистителната станица за Скопје, за брзиот автобуски превоз, за клучката кај Момин поток, патот за Визбегово и за кружните текови за подземната сообраќајница што ја гради „Лимак“.

— реклама —

„Сите големи проекти во Скопје кои се започнати и кои што им се потребни на скопјани, но и на сите други градови, Владата во рамки на своите надлежности ќе направи се за да може да ги доврши. Во тој дух беше и посетата на министерот за локална самоуправа, министерката за култура на Градот Скопје на која што мислам дека сме до пред договор за преземање на ингеренциите за Универзална сала за тој објект да може да биде завршен. Меѓутоа постојат и други проекти кои беа започнати на пример пречистителната станица на градот Скопје, огромен проект кој што беше камен на сопнување за она што се случи во Градот, бидејќи очигледно се обвинуваат за поделба на провизии меѓу себе челновите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните претставници во Градот Скопје. Потоа имаме брз автобуски превоз во Скопје кој е одобрен проект со финансирање од меѓународни институции и кој едноставно не се реализира. Погледнете ја клучката кај Момин поток, огромен проект кој е во застој, патот до Визбегово, тоа е една исклучително важна сообраќајница која треба да ја поврзе индустриската зона Визбегово е исто така нешто што треба да се направи. Подвозникот кај зградите на ‘Лимак’ е скоро готов меѓутоа обврска на Градот Скопје е да ги направи кружните текови кај Нова Македонија, ни милиметар од тоа не е направено. Јас работам со владиниот тим за да ги видиме можностите и да преземеме дел од тие активности да бидат направени, заради скопјани, не заради политика“, рече премиерот Ковачевски денес на отворањето на првата градинка во Општина Чучер Сандево.

— реклама —

Минатата недела новиот министер за локална самоуправа Ристо Пенов и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојевска беа на средба со градоначалничката Арсовска за состојбата со Универзална сала. По средбата градоначалничката преку соопштение извести дека барале начин заедно со Владата безбедно да го довршат проектот, а министрите пак брифираа дека и ги одземаат ингеренциите на градоначалничката за овој проект.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања