Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје, вели дека нема координација со другите институции за евентуално ново невреме во наредните денови. Таа посочи дека ќе се најде решение да се санира состојбата која се случи вечерва, за да не се случи во идина. Според неа, атмосферската инфраструктура е несоодветна во Скопје и таа е виновна да случувањата вечерва.
„До овој момент немаме дополнителни информации. Со МВР се координираме, за да се изолираат улици и булевари каде имаше поплави. Се надевам наредните денови ќе имаме комуникација“, кажа Данела Арсовска.
Таа посочи дека кога има најава за невреме, се чистат сливниците и улиците.
За инфраструктурата вели: „Дел од улиците се новоизградени и таму се појавуваат проблеми. Дел од улиците се реконструирани и капаицтетот на атмосферската канализација е недоволен“.