Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Данела се фаворизира со рекалмите нарачни од ВМРО-ДПМНЕ, но не е ништо незаконски смета Антикорупциска по пријавата од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
arsovska-dksk

Нури Бајрами од ДКСК нема ништо незаконско во рекламирањето на независниот кандидат за Град Скопје, Данела Арсовска иако ги користи средствата од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи само дека е фаворизирачки пристапот, но не е незаконски согласно правилниците и законите. Левица бараше одговорност од Арсовска бидејќи се сомневаат дека незаконски се финансира нејзината кампања со средства доделени од ДИК на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да ги користи само своите средства кои и се доделени од ДИК, како независен кандидат.

„Не се потврдени и правно се неиздржани наводите. Поради тоа ДКСК не е во можност да предлага мерка согласно своите надлежности, предлагам приговорот да се одбие. Постапката да се запре“, кажа Бајрами.

Пет членови на ДКСК го излгасаа предлогот. Бајрами претходно го образложи приговорот.

„Доставен е приговор од Левица. Приговорот е за постапка за утврдување на законитост за финансирање на изборната кампања против Данела Арсовска, независен кандидат за Град Скопје. Во приговорот се содржани следниве констатации: пријавената е учесник како независен кандидат за градоначалник тоа значи над нејзината кандидатура стојат илјада избирачи, таа има свој даночен број како самостоен независен субјект. Пријавената настапува по број 82, кој е различен од подносителот Обнова за Македонија. Тоа согласно Изборниот законик се два различни субјекти. Не може да ги користи средствата за платено рекламирање од ВМРО-ДПМНЕ. На пријавената и се овозможува фаворизирачки пред останатите кандидати, неовластено да ги користи средствата од РСМ“, рече Нури Бајрами.

— реклама —

Според ДКСК, Данела Арсовска користела средства од ВМРО-ДПМНЕ без договор за платено политичко рекламирање со партијата констатираше ДКСК.

„Ги користи правата и средствата кои следуваат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во платено политичко рекламирање од ВМРО-ДПМНЕ има спотови и за кандидатката Данела Арсовска. Таа не користела средства за платено политичко рекламирање. АВМУ кажа дека не е спротивно емитувањето на платеното политичко рекламирање на Арсовска според правилникот“, додаде Бајрами.

— реклама —

Арсовска смета дека нема ограничување за користење на средства од други партии за платено политичко рекламирање. Таа посочува и дека нарачките за платено политичко рекламирање од ВМРО-ДПМНЕ не е спротивно на правилниците. Според неа, со приговорот се тера негативна кампања против неа и прашува дали Левица поднела приговор и за СДСМ.

„Наводите во приговорите се неосовани и немаат за цел утврдување на законитост туку се обид за неоснован напад на независниот кандидат за Град Скопје. Нема незаконско финансирање на кампања или корупција, но и било каква активност за која има надлежност ДКСК“, одговорила Арсовска на обвинувањата.

— реклама —

Нури Бајрами од ДКСК нема ништо незаконско, иако е фаворизирачко тоа што Данела користи средства од ВМРО-ДПМНЕ за рекламирање на изборите.

„Мора да истакнувам и да кажам дека во случајов точно е дека на пријавената, односно Данела Арсовска и овозможува фаворизирачки пристап со користење на средства од РСМ. Но, не и неовластено. Бидејќи тоа е предвидено во едно упатство. Тоа значи дека отстапувањето од поносител на листа на дел од времето за платено политичко рекламирање, на кандидат кој го поддржуваат, не е забрането ниту поддржано“, рече Бајрами.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања