Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Данела со ферман препораки за општините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
danela-arsovska-1

„Во насока на стимулирање на зголемена употреба на еколошки превозни средства, намален метеж во сообраќајот и намалено загадување на воздухот од употребата на моторни возила, Град Скопје достави до скопските општини препорака за носење одлука со цел воведување задолжителни паркинг места и простор за велосипеди во рамки на градежните парцели при издавање на одобренија за градба за нови објекти, како и за усогласување на инфраструктурата кај веќе изградените објекти“, стои во препораките на Град Скопје.

Оттаму додаваат:

— реклама —

Одлука која би се донела на општинско ниво е важна со цел инвеститорите на нови станбени и деловни објекти во рамки на градежната парцелата да предвидат и соодветни паркинг простори за велосипеди. Со ваква одлука со која би се задолжиле инвеститорите кои поднесуваат барање согласно Законот за градење да обезбедат паркинзи за велосипеди секаде каде има простор и можност за истите да се постават, значително ќе се придонесе за подобрување на инфраструктурата и стимулирање на зголемено користење на велосипедите.

— реклама —

Со наложување на минимално потребен број на паркинг места за велосипеди кај новите, но и кај станбени згради кои треба да се реконструираат, се обезбедува стандардизирање на уредувањето и обезбедувањето на паркинзи за велосипеди во рамки на една градежна парцела, што треба да е соодветно прилагодено согласно бројот на станбени единици и бројот на паркинг места за моторни возила.

Се препорачува со одлука на општината да се утврди од вкупниот број паркинг места за велосипеди, истите да бидат заштитени од кражба и атмосферски влијанија, правно усогласени со документацијата која е дел од постапката за издавање на одобрение согласно Законот за градење.

— реклама —

Се препорачува со одлука на советот на секоја од општините да се предвиди, за веќе изградените станбени и деловни објекти да ја уредат и усогласат инфраструктурата и опремата за паркинг за велосипеди во соодветен рок утврден со донесената одлука.

— реклама —

Едновремено Град Скопје во изминатата година обезбеди паркинзи за велосипеди во сите 23 градски средни училишта со цел стимулирање на здрави навики кај младите и користење на велосипедот, при што се препорачуваме на скопските општина во училиштата и институциите кои се под општинска надлежност да се воведат соодветни паркинг простори и места.

Веруваме дека со заеднички напори и воведување системски решенија, ќе бидеме чекор поблиску до обезбедување поквалитетни услови за живот на нашите граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања