Даночна реформа, нема нови даноци и се укинува прогресивното оданочување, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
danok

Владата предводена од СДСМ од почетокот на наредната година почнува со етапно воведување нов даночен систем, чија главна карактеристика е праведноста, вели СДСМ

— реклама —

„Реформата на даночниот систем не предвидува нови даноци, не предвидува зголемување на даноците, односно данокот на личен доход останува 10 отсто и не се зголемува, данокот на додадена вредност останува 18 % и не се зголемува и каматите на депозите на штедните влогови нема да се оданочуваат.

— реклама —

Новина е дека од 1 јануари 2023 година нема да се применува прогресивното оданочување, односно се укинува концептот на прогресивно оданочување и ќе продолжи да се применува оданочувањето со единствена стапка од 10 отсто.

— реклама —

Една од мерките што ќе продолжи да се применува на барање на бизнис заедницата, е ослободувањето на реинвестираната добивка.

Во Законот за ДДВ останува основната стапка од 18 проценти која е најниска во регионот, и двете повластени од 5 проценти и 10 проценти, кои, исто така, се најниски. Она што ќе се ревидира е листата на производи кои се луксузни и кои ќе се оданочуваат со втората повластена стапка.

Во однос на хонорарците низ дебата се дефинираа насоките за создавање модел на кој ќе се работи во наредниот период и ќе овозможи на доброволна основа да плаќаат придонеси, со што им се обезбедува здравствено и пензиско осигурување.

Со концептот се останува на определбата за поддршка на спортот и лицата со посебни потреби. Односно со концептот се воведува нов начин на донации за спортот, а вработените лица со посебни потреби и понатаму остануваат ослободени од данок на личен доход.

Приоритет на даночната реформа е поголема праведност во оданочувањето, односно секој да ја исполнува својата општествена обврска и да го плати својот праведен удел од данокот.

Даночната реформа воведува даночен систем кој ќе биде предвидлив, транспрентен, едноставен и стабилен и ќе создаде здрава основа на сите политики во државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања