Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Даночната „реформа“ на власта е само нов товар за граѓаните и бизнисот за да се покрие криминалот на СДС и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
danok

Концептот кој власта го предлага како даночна реформа не е ништо друго освен нов товар за граѓаните и бизнисот за да се покрие криминалот, корупцијата и недомаќинското работење на владата на СДС и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Всушност не се работи за даночна реформа, затоа што нема стратегиски пристап и не го оценува севкупниот економски ефект. Истиот ќе дестимулира одредени сектори, ќе се намалат приливите и инвестициите и ќе се намали расположливиот доход на граѓаните. Што значи тоа ќе има негативно влијание врз економијата.

Ова што сака власта да го направи е во корист на криминалот, сивата економија и неплаќачите на данок, а на штета на легалните бизниси и граѓаните.

Оваа т.н. реформа негативно ќе влијае врз ликвидноста на компаниите и нивните планови за идни инвестиции, додека уште поголем товар се става на малите и микро компании кои ќе бидат приморани да се префрлат во неформалниот сектор. Истата ќе доведе до нов одлив на работници кои лебот ќе го бараат во странство.

— реклама —

Воедно со истата власта планира да ги зголеми повластените даночни стапки за на ДДВ за некои основни производи и со тоа ќе доведе до натамошен раст на цените што ќе ја зголеми сиромаштијата во Македонија и ќе направи граѓаните да не може да си ги дозволат основните работи.

Прогресивниот данок кој власта го планира веќе еднаш доживеа крах и неуспех во Македонија, додека рамниот данок којшто беше воведен од страна на Владата ВМРО-ДПМНЕ се покажа како ефикасен во намалување на неформалното вработување, намалување на невработеноста и како ефикасен и во борбата со сивата економија.

Власта не само што има целосно погрешен концепт туку погрешно им е и времето, а краткиот рок на имплементација ќе ги доведе во финансиска неизвесност македонските граѓани и стопанството.

— реклама —

Владата на СДС и ДУИ наместо дополнително да ги осиромашува граѓаните и затвора бизнисите може да скрати на+ крадење и да не се расфрла со трошење на народните пари за скапи прослави, тендери во 4 очи и частење на општини кои не плаќаат данок.

Додека цел свет се спрема за најтешката зима, владата на СДС и ДУИ се спрема да ги доосиромаши граѓаните. Токму затоа потребни се предвремени парламентарни избори, за оваа криминогена власт да си замине.

Концептот кој власта го предлага како даночна реформа не е ништо друго освен нов товар за граѓаните и бизнисот за да се покрие криминалот, корупцијата и недомаќинското работење на владата на СДС и ДУИ.

Всушност не се работи за даночна реформа, затоа што нема стратегиски пристап и не го оценува севкупниот економски ефект. Истиот ќе дестимулира одредени сектори, ќе се намалат приливите и инвестициите и ќе се намали расположливиот доход на граѓаните. Што значи тоа ќе има негативно влијание врз економијата.

— реклама —

Ова што сака власта да го направи е во корист на криминалот, сивата економија и неплаќачите на данок, а на штета на легалните бизниси и граѓаните.

Оваа т.н. реформа негативно ќе влијае врз ликвидноста на компаниите и нивните планови за идни инвестиции, додека уште поголем товар се става на малите и микро компании кои ќе бидат приморани да се префрлат во неформалниот сектор. Истата ќе доведе до нов одлив на работници кои лебот ќе го бараат во странство.

Воедно со истата власта планира да ги зголеми повластените даночни стапки за на ДДВ за некои основни производи и со тоа ќе доведе до натамошен раст на цените што ќе ја зголеми сиромаштијата во Македонија и ќе направи граѓаните да не може да си ги дозволат основните работи.

— реклама —

Прогресивниот данок кој власта го планира веќе еднаш доживеа крах и неуспех во Македонија, додека рамниот данок којшто беше воведен од страна на Владата ВМРО-ДПМНЕ се покажа како ефикасен во намалување на неформалното вработување, намалување на невработеноста и како ефикасен и во борбата со сивата економија.

Власта не само што има целосно погрешен концепт туку погрешно им е и времето, а краткиот рок на имплементација ќе ги доведе во финансиска неизвесност македонските граѓани и стопанството.

Владата на СДС и ДУИ наместо дополнително да ги осиромашува граѓаните и затвора бизнисите може да скрати на+ крадење и да не се расфрла со трошење на народните пари за скапи прослави, тендери во 4 очи и частење на општини кои не плаќаат данок.

Додека цел свет се спрема за најтешката зима, владата на СДС и ДУИ се спрема да ги доосиромаши граѓаните. Токму затоа потребни се предвремени парламентарни избори, за оваа криминогена власт да си замине“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања