Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против T.С.(54) од село Туин, кичевско и приватната фирма ДТУ „ВИЗИОН-МОТИВ“ ДООЕЛ Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. На 09.11.2018 полициски службеници и вработени во УЈП извршиле контрола во правното лице и констатирле дека првопријавениот, како управител на правното лице, во поднесените даночни пријави за периодот од 01.01.2016 до 31.10.2018 година, навел износ за данок на додадена вредност намален за 491.173 денари, како и износ за персонален данок на доход намален за 260.282 денари. Со ова пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 751.455 денари на штета на Буџетот на РС Македонија.