Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Дарлишта и градоначалникот на Бутел плански ја блокираа „Комунална“ за да глумат спасители, рече советничката Витина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Независната советничка во Град Скопје, Ирена Витина, упати обвинувања до поединци од ВМРО-ДПМНЕ поради блокадата и бунтот во ЈП „Комунална хигиена“ и хаосот што настана со ѓубрето во Скопје.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

На вонредната седница во Советот на Град Скопје посветена на состојбите во „Комунална“, Витина рече дека граѓаните треба да ја знаат вистината оти се прават сценарија, се организираат групи да блокираат за некој да се претставува како спасител.

— реклама —

„На 23 мај, директорката Косана Мазнева подели откази на вработени кои не доаѓале на работа, а тоа е право на секој директор. На 25 мај се случува средба на една група во којашто главните дејанија ги имаат Дарлишта – претседател на сидникална организација и еден градоначалник на општина Бутел кој е сопартиец и братучед на еден спасител на Градот Скопје, градоначалник во една друга општина, добар инфлуенсер од Кисела Вода“, рече Витина посочувајќи дека на таа средба бил договорен планот да се блокира претпријатието.

Витина застана во одбрана на Мазнева, велејќи дека директорката макотрпно работи и се бори со опструкции, остварувајќи го своето легитимно право како прв човек на институцијата да води сметка кој доаѓа, а кој не доаѓа на работа. Советничката тврди дека на протестите пред Јавното претпријатие викендов имало и членови на ВМРО-ДПМНЕ кои не се вработени таму.

— реклама —

„Тоа беше киднапирано претпријатие само за да не може да функционира. За некој да биде прогласен за неспособен и неодговорен. На кого е опозиција ВМРО-ДПМНЕ на Данела Арсовска или на Владата? Ова е класичен дефокус, класично замајување и држење во кондииција на членството“, рече таа.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања