Даштевски сака да ја оштети Левица за 100.000 евра, смета Апасиев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
apasiev

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев смета дека Државната изборна комисија има за цел да ја оштети Левица одземајќи и од средствата за платено политичко рекламирање за изборите. Тој пишува дека претседателот на ДИК, Александар Даштевски наместо само на Левица и ДПА, сака пари за рекламирање да даде и на други шест субјекти. Апасиев тврди дека тие не исполнуваат услови.

— реклама —

Зошто вмровскиот кадровик во ДИК - Александар Даштевски сака да ја оштети Левица за преку 100.000 ЕУР во очи на Локалните избори? Знаете нели, дека со измените на Изборниот законик само 7% од парите за платено политичко рекламирање одат кај „парламентарните политички партии во Собранието на РМ кои на последните избори за пратеници не освоиле доволно пратеници да формираат пратеничка група“ (останатите 90% одат кај СДС+ДУИ и ДПМНЕ+ААА).

Бидејќи вкупниот буџет за ТВ рекламирање оваа година е околу 3.600.000 ЕУР, тоа значи дека 7% се некаде околу 260.000 ЕУР. Е сега, битно е кој ќе ги дели овие пари? Според законот, треба да ги делат само Левица и ДПА - оти само они го исполнуваат овој законски услов (да учествувале самостојно на избори и да освоиле помалку од 5 пратеника). Арно ама, Даштевски и крими-компанијата од ДИК, перфидно сакаат тука да додадат уште шест субјекти кои не го исполнуваат законскиот услов и кои веќе се во коалиција со СДСМ или ВМРО - така што, наместо на 2 оваа сума би се делала на 8!? Со тоа, Левица ќе биде оштетена за преку 100.000 ЕУР кои законски и следуваат! А некои овие парички ќе мора да ги надокнади - преку тужбичка за оштета, а ќе си попие и кривична пријава за 'злоупотреба на службената положба и овластување'“, пишува Апасиев.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања