Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Даути: Последен апел за прекин на самоволието на Кривичниот суд и носење на итни одлуки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dauti

Мерџан Даути, адвокат во случајот „ТНТ“ кој се однесува за уривање на објектот „Космос“ денеска  со ново соопштение  во кое што вели : Последен апел за прекин на самоволието на Кривичниот суд и носење на итни одлуки со цел владеење на правото!!! Во писмото од Даути се вели:

— реклама —

Овој апел го испраќам до единствената институција која во моментов може да придонеси текот на судењето во случајот ТНТ биде согласно закон.

Почитувани членови на Судски совет,

— реклама —

Во текот на утрешниот ден охрабрете се, не потклекнувајте на никави притисоци, закани, уцени или ветувања. Донесете законита одлука во интерес на владеењето на правото. Молкот е најлоша опција. Премолчувањето на незаконските постапки и вас директно ве прави сооучесници во истите.  Донесете било каква Одлука но не молчете! Не секогаш молчењето е злато, во овој случај молчењето е одобрување на незаконско работење.

Вие сте орган кој е формиран да обезбеди функционирање на судовите согласно Закон и Устав. Дали сеуште ќе молчите за:

- Различниот  начин на постапување на Кривичниот суд во врска со поротничките во случајот ,,Ласкарци,, и ТНТ

- Непочитување на законот на ЗКП пред се поради недавање на записници од судски рочишта и назначување на адвокати по службена должност

- Дејствијата на Претседателот на Кривичниот суд со кои експлицитно се прават Кривични дела

- Не дозволување на користење на албанскиот Закон согласно Устав и закон

Почитуван Претседател на судски совет една порака и до Вас

,,Не им верувајте на Данајците и кога дарови носат“ бидејќи незаконски избор неможе да предизвика владеење на право и да ги потврди вашите етички вредности. На 28.01 нема да Ви креваат телефон и ќе Ви кажат тоа што Ви ветиле поради новонастанатата ситуација и моменталната ситуација нивното ветување неможе да го исполнат, се вели во дописот од Даути.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања