Промени тема
За нас
ВО ЖИВО

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Давањето предност на возењето мотор е непочитување на државата од страна на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
–-–-Google-Chrome

Зоран Заев не мораше физички да биде присутен на инаугурацијата на Стево Пендаровски бидејќи Пендаровски е негова сенка, без интегритет, која само треба да ги аминува криминалите и корупцијата на менторот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Зоран Заев не мораше да биде физички присутен затоа што кога тој зборува, нема потреба Пендаровски да отвори уста.

Возењето мотор е поважно од инаугурирањето на Пендаровски.

— реклама —

Без разлика дали Пендаровски заслужил да стане претседател или не, давањето предност на возењето мотор е крајно непочитување и на државата и на институциите од страна на Заев.

Зоран Заев избра уште еден слеп послушник и со изборен инжинеринг и контингенти договорени гласови го инсталираше на позицијата Претседател на Македонија.

Впрочем Пендаровски е човек кој се фали дека е 102,5% ист со Зоран Заев. Истиот тој Пендаровски нема кажано збор осуда на криминалот, корупцијата и непотизмот на власта. Истиот тој Пендаровски молчеше и не ги осуди амнестиите на криминалот на неговиот ментор Зоран Заев. Истиот тој Пендаровски збор не кажа за отсуството на реформи во државата, поради кои најверојатно Македонија нема да добие датум за почеток на преговори. Тој како и досега, така и од сега ќе молчи и ќе прави се она кое што Заев ќе му го диктира.

Пендаровски ќе биде претседател на државата, но за жал нема да биде претседател на граѓаните, бидејќи се срамеше од македонската химна, се срамеше да каже кој јазик го зборуваат Македонците во Грција, се срамеше од сопствениот народ кој го нарекуваше стока, сурати, роботи, а единствено на кое се гордееше беше поддршката на Зоран Заев и лидерите од владеачкото мнозинство. Тоа само говори дека како почна, така и ќе тера, ќе биде претседател на власта, но не и на народот.

Како поддржувач и одобрувач на криминалот на Заев, едно е сигурно, Стево Пендаровски ќе биде сидрото на власта кое ќе не држи далеку од европските вредности европската перспектива на македонските граѓани, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања