Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Давитков до раководството на КФМ: Господ гледа се и враќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Коментари
DSC_7700

Откако денес Перо Антиќ соопшти дека репрезентацијата ќе има нов селектор, селектор на Македонија, Јорданчо Давитков се огласи на својот фејсбук профил.

— реклама —
„Размислував дали воопшто вреди да се пишува нешто сега кога се огласија после четири месеци, но бидејќи секогаш сум бил максимално отворен за јавноста морав да напишам неколку збора!

Се сеќавам пред околу три години кога ми се јавија од кошаркарската федерација за селектор, беше време на „СВИ ЈУНАЦИ НИКОМЕ ПОНИКОШЕ И У ЦРНУ ЗЕМЈУ ПОГЛЕДАШЕ“, и нормално јас како и секогаш без калкулации прифатив да помогнам и иако репрезентацијата скоро и да не постоеше, почнав да ги собирам играчите, да ја градиме повторно атмосферата и да се обидеме да се вратиме каде што бевме. Беше тешко, недостасуваа за првата акција 7-8 играчи од различни причини, но издржавме, полека се комплетиравме и успеавме.

— реклама —
Во тоа време разговарав и со Антиќ бидејќи уште беше играч, да помогне колку може. Неговиот одговор беше „Јоцо што се замараш со „ОВИЕ“ (играчи) оди си во Дубаи на плажа и одмарај„. И не помогна ни една секунда. За разлика од него јас продолжив да се занимавам со „ОВИЕ“ и од никаде чекор по чекор, собир по собир ја градевме атмосферата и стигнавме на чекор до Европското првенство. Стигнавме до првото место во двете предквалификации и поради тоа бевме во третиот шешир“.

— реклама —
Да не се занимавав со „ОВИЕ“ кога никој не СМЕЕШЕ и немаше м..а за тоа. И стигнував на собирите патувајќи и по 10.000км за неколку дена, стигнував иако поради тоа раскинуваа договори, стигнував и кога по три ноќи по ред спиев во авион, но стигнував да го направам она за што се нафатив и иако многу мои пријатели на почетокот ми велеа дека сум луд што го правам тоа. Успеав од никаде да ја вратам атмосферата во репрезентацијата, да се комплетираме и да бидеме на чекор до ЕП.

Затоа те молам не покажувај дека репрезентацијата и „ОВИЕ“ се битни за тебе и федерацијата. Долго сум во кошарката, повеќе од 40 години за да може да се проголта.

— реклама —
Јас секогаш на секоја работа приоѓам чессно и без калкулации и секого може да го погледнам во очи и да продолжам со дигната глава а тоа е НЕПРОЦЕНЛИВО особено кога се поздравуваат со тебе а им е срам да те погледнат во очи.

Се распишав многу и овде го кажав само овој сегмент а има многу за пишување али мора да се оди и на плажа...

На играчите им посакувам многу успех и да продолжат каде застанавме. А на раководството... господ гледа се и враќа“, напиша Јорданчо Давитков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања