„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Дебрца и регионот на Елбасан со пари од ЕУ ќе го развиваат планинскиот, зимскиот и авантуристичкиот туризам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
turizam-1

Започнува реализација на проектот „Нови можности за безбедни зимски авантури“, кој во рамките на Програмата на ЕУ за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија ќе се финансира со средства од Европската унија.

— реклама —

Носител на проектот е Црвениот Крст на Македонија, Општинска организација Охрид, а партнери се општина Дебрца и Алпинистичкиот клуб „Патагонија” од Охрид од македонска страна и општина Грамш, од албанска страна. Градот Грамш, регион Елбасан, Албанија, брои околу 9.000 жители и е центар на истоимената општина, со околу 36.000 жители. За таа цел се оствари средба помеѓу градоначалниците на двете општини.

— реклама —

„На средбата со мојот домаќин го искажав моето задоволство што ќе можеме да соработуваме како две општини, кои имаат одлични предуслови за развој на планинскиот, зимскиот и авантуристичкиот туризам. Изразив надеж дека денешната средба е почеток на успешна соработка меѓу двете општини, не само на имплементацијата на конкретниот проект, туку и на други идни проекти од заеднички интерес,“ истакна градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Вчера  во градот Gramsh, регион Елбасан, Албанија, а кој брои околу 9000 жители и е центар на општината Gramsh, со околу 36.000 жители градоначалникот Зоран Ногачески  оствари средба со Градоначалникот Klodian Tace.

Проектните активности носат бенефит за сите партнери, а во Дебрца во рамките на проектот ќе се изврши реконструкција на старата училишна зграда во село Брежани и нејзина адаптација во Планинарски дом, опремен со 25 легла, за што се планирани 85.000 евра, поставување на пропусти за зафаќање на атмосферските води на патот село Брежани-Илинска Планина, набавка на возило, со потребната опрема за спасување во планина, обуки а ќе се реализираат и други активности.

фото: општина Дебрца

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања