Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Деца украле автомобил, се возеле низ Скопје па пропаднале во дупка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Утрово во 08:40 часот во СВР Скопје е примена пријава од М. Ш. (36) од Скопје дека во периодот од 18.12.2018 година од 19:30 часот до 19.12.2018 година до 04:30 часот од паркинг простор кај Транспортен центар од страна на непознат сторител е одземено возило Пежо со скопски регистерски таблици, најверојатно со оригиналниот клуч, кој бил во контакт бравата на возилото.

— реклама —

По преземени мерки и активности од страна на СВР Скопје, утврдено е дека делото го сториле 13-годишно момче- штитеник на ЈУ 25ти Мај и уште едно 13- годишно и едно десетгодишно момче. Но, момчето кое го управувало возилото околу 03 часот на бул.Илинден изгубило контрола над возилото и се превртело во канал каде се изведувале градежни работи. Трите момчиња се пренесени во ГОБ 8-ми Септември.

— реклама —
— реклама —

За случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Скопје, како и родителите на малолетниците и социјален работник. По документирање на случајот до Основното јавно обвинителство ќе биде доставен соодветен поднесок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања