Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
DSC_3515

Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски со заменик-министерката за финансии, Ширет Елези во Министерството за финансии потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

— реклама —

Објектот „Мимоза“ ќе добие целосно обновена фасада со термичка изолација, нови прозори и надворешни врати изработени од 5 коморни ПВЦ профили, нови олуци, нови банци и нови опшивки. Во внатрешниот дел на градинката ќе се постави плафонска изолација од стиропор д=10 см. Со оваа обнова децата и вработените кои поголемиот дел од денот го поминуваат во објектот ќе добијат позатоплени простории, а ќе се заштедат и финансиски сретства кои во иднина ќе се пренаменат во други цели. Покрај ова постоечката ограда на градинката ќе се бојадиса.

— реклама —

— реклама —

Општина Кисела Вода условите во градинката ќе ги подобри преку Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка.

— реклама —

Градоначалникот Филип Темелковски продолжува да работи во насока на подобрување на условите на најмладите во градинките и училиштата во надлежност на Општина Кисела Вода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања