По случајот „Рекет“, името на специјалната обвинителка Катица Јанева секојдневно се споменува во медиумите, но и јавноста. Сите се прашуваат, дали таа рекетирала, помагала или нема поврзаност со рекетот за кој Обвинителството ги сомнички Боки 13 и Зоки Кичеец. Засега, на овие одговори нема прашања.
Јанева во својот имотен лист нема заведено нов имот. Последното што го впишала во Антикорупциската комисија се два сатнови во Скопје од 2015 година, кои се заведени како имот на деца, добиени како подарок.
Во анкетниот лист може да се види дека таа има земјоделско земјиште, куќа во Гевгелија, плац во село Конско, како и неколку автомобили. Од него се гледа дека Јанева поседува и депозити во Алфа банка, а истовремено има и кредити од неколку милиони денари чиј период на исплата достигнува до 20 години.
