Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Децата на кланот Ахмети од Зајас барале кредит од 35 милиони евра и тврделе дека ќе добијат дозволи од владата на Ковачевски и државни пари за ЈПП, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
banki-2

Кланот Зајас го сочинуваат најблиски роднини на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Постои основан сомнеж дека благодарение на политичката позиција на Ахмети во власта овој клан енормно се богати, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Последниот од низата скандали за овој клан сочинет од Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети е изградбата на фотоволтаична централа од 60МW во Кичево, вредна 35 милиони евра. Овие луѓе, за кои нивни сограѓани тврдат дека до пред некое време едвај преживувале сега станаа главни акционери, инвеститори, иноватори и претприемачи во Македонија, додека стотици илјади други граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби и останати едвај врзуваат крај со крај во месецот.

— реклама —

Децата на Ахмети формирале компанија „Хелиос“ и побарале кредит од една банка за изградба на фотоволтаична централа за која навеле дека имаат дозвола од страна на државните институции и дека веќе договориле и државни средства за јавно приватно партнерство за централата. Ова значи дека кланот Зајас обезбедил барем усмена гаранција од страна на власта на Ковачевски дека нивниот бизнис ќе биде реализиран, а според информациите од свиркачи и со финансиска помош од државата.

Ковачевски треба да излезе и да каже, доколку се охрабри, дали компанијата на кланот Зајас, односно децата на Ахмети добиле гаранција за дозвола за изградба на 60МW фотоволтаична централа?

— реклама —

Ковачевски, доколку има смелост, нека излезе и нека каже дали тој или било кој друг од власта разговарал со кланот Ахмети за државни средства за изградба на фотоволтаична централа преку ЈПП?

— реклама —

Знаеме дека Ковачевски е кираџија во владата и дека секој став му зависи од тоа дали ќе му го дозволат газдите од Зајас, но очекуваме дека барем овојпат ќе се охрабри и ќе излезе во јавноста со конкретни одговори. Криење зад флоскули или дефокусирање со стари теми нема да му помогнат. Криминалот и корупцијата на луѓето блиски до владата на СДС и ДУИ е епски и затоа мора да има одговорност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања