Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Децата сè повеќе се потпираат на ChatGPT - ако им каже дека 2 по 2 е еднакво на 5, тие ќе поверуваат во тоа“, тврди академик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Магазин
media-library1v9vvctar8eo08lL2NJ
Photo by Emiliano Vittoriosi on Unsplash

Рускиот академик Владислав Лекторски, претседател на Научниот совет за методологија на вештачката интелигенција и когнитивни истражувања при Руската академија на науките, предупреди дека прекумерната употреба на системи за вештачка интелигенција, како што е ChatGPT, може негативно да влијае врз способноста на децата за самостојно и критичко размислување.

— реклама —

Според Лекторски, ваквата опасност веќе може да се забележи кај дел од учениците, кои сè почесто користат алатки базирани на вештачка интелигенција за да добијат готови одговори на различни прашања, наместо самите да доаѓаат до решенија.

„Таква опасност навистина постои. Таа е поврзана со образовниот систем, каде што учениците се потпираат на системи како ChatGPT и други платформи за да најдат одговори на речиси сè. На тој начин ја губат способноста да размислуваат самостојно“, изјавил Лекторски.

— реклама —

Тој нагласил дека современото образование не треба само да пренесува знаење, туку и да ја развива способноста за критичко размислување и анализа.

— реклама —

Како пример, академикот навел предупредување од еден образовен работник дека ученик кој безрезервно ѝ верува на вештачката интелигенција може да прифати и очигледно неточни информации.

„Ако студентот е навикнат слепо да ѝ верува на вештачката интелигенција, тогаш, ако таа му каже дека два пати два се пет, тој ќе поверува дека тоа е вистина. Тоа е ужасна работа и не смее да се дозволи“, истакнал Лекторски.

— реклама —

Според него, неопходно е јасно да се дефинира каде и како треба да се користат можностите на вештачката интелигенција, а каде нејзината употреба мора да биде ограничена, особено во образованието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq45k9s8o7uunejj8fK8

Вештачката интелигенција може да укине 800.000 работни места во Германија во следните 15 години

Технологија | пред 11 час

— реклама —
media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 1 седмица

media-libraryhl66ngeadnq45r6roXP

Вештачката интелигенција навлегува на Балканот: Кои работни места се најзагрозени?

Технологија | пред 2 седмици

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

Критични пропусти во PHP: Зошто веб-страниците ширум светот беа привремено исклучени?

Технологија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања