Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Децата со Даунов синдром и со лесна попреченост нема повеќе да бидат товар во буџетот, тврди активиската Кардула

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-06-3720PM

Домника М. Кардула, активистка за правата на лицата со попреченост и мајка на дете со аутизам тврди дека децата со Даунов синдром и лесна попреченост, повеќе нема да бидат на товар на буџетот. Таа објави остра реакција на социјалната мрежа „Фејсбук“. На одговорните им порача дека тој чекор е срамота.

„Секој чесен граѓанин се радува и ги поздравува обидите за ставање ред во државната каса и елеминирање на сите непродуктивни трошоци. Така со "радост" ја примивме веста дека децата со Даунов синдром и со лесна попреченост нема повеќе да бидат товар во буџетот!!! Воу каков доманќинлук!

— реклама —

Има да се има ред во држава каде; луѓе десетици години не одат на работа, а земаат плата, а и голем дел си живеат во странство; каде полуписмен кадар е на раководни функции; каде не се знае каде, кој и колку ги користи службените возила; каде пратеници земаат патни трошоци како да работат во Лисабон; каде функционери си ги носат своите деца на службени патувања; каде во моменти на економска криза истите тие земаат 78% зголемување на платата; каде кримналците наместо да лежат, си лежат на украдените народни пари и ама баш ништо не им фали; каде царува корупцијата; каде.......... слободно дополнете си и сигурно нема да ви снема аргумент!

— реклама —

Ни ја убивте надежта, ни ја украдовте иднината и на ранливите категории граѓани и нивните семејства им го покаажавте средниот прст по кој знае кој пат! Срамота, срамота, срамота!!!“, напиша Домника М. Кардула.

— реклама —

„Скопје1“ став побара од Министерството за здравство, од каде, до моментот на објавување, нема одговор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 6 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 6 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања