Двете деца брат и сестра на 4 и 7 годишна возраст оставени во кола на паркинг во скопско Ново лисиче се сместени во згрижени во згрижувачко семејство. Околу 22 часот децата ги забележале случајни минувачи и повикале полиција. Од МВР го потврдија настанот, но не соопштуваат детали дали таткото или пак и двајцата родители ги заклучиле малолетните деца во автомобилот за да одат на прославата за вчерашниот празник која традиционално се одржува во населбата. Ниту жителите од околните згради не знаеа што точно се случило само слушнале дека имало полиција.
Директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Наташа Станоевиќ, за МИА изјави дека стручен тим ќе работи и со родителите на децата и тој ќе треба да ги оцени нивните родителски капацитети. Таа проценка, заедно со другите информации ќе бидат основа брз која ќе биде донесена евентуална одлука за одземање на родителско право.