Дечиња од Гевгелија продаваат крофни и колачи за да соберат пари за лекување на малата Луна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
01

Нина Нинковиќ од Нови Сад постави прекрасен пример за помладите генерации. Таа продаваше крофни за да собере пари за лекувањето на татко си, а сега неколку дечиња од Гевгелија се инспирираа од нејзината идеја.

— реклама —

На свои штандови тие продаваат крофни, колачи и лимонада, а собраните средства ќе ги донираат за лекувањето на сограѓанката Луна.

— реклама —

Поради асфикција на мозокот при пораѓај Луна Поп Костова се здобила со дијагнозата „Спастична церебрална парализа – квадриплегија“. Таа веќе година и пол се бори со сколиоза во последен стадиум и потребна ѝ е итна операција во Турција.

— реклама —

Марија Митрова, девојчето кое прави и продава крофни во Гевгелија, рекла: „Јас морам да соберам пари за нашата Луна да биде покрај нас, да не ѝ згасне животот“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања