Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Дејвис се враќа во составот: Канада со најсилен тим против БиХ на Светското првенство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Спорт
media-libraryad79a00qgqsd9FU017t

Селекторот на канадската фудбалска репрезентација, Џеси Марш, го објави конечниот список од 26 фудбалери за претстојното Светско првенство, а меѓу повиканите е и капитенот Алфонсо Дејвис, кој беше под знак прашалник поради повреда на тетивата.

Марш изрази задоволство од составот што ќе ја претставува Канада на Мундијалот, оценувајќи дека станува збор за најсилната генерација што земјата ја имала досега.

— реклама —

„Имаме најдобра група од 26 играчи што оваа земја некогаш ја собрала. Не се сите во идеална форма, но се блиску до тоа. Верувам дека ќе имаме силен тим, подготвен за првиот натпревар, и дека ќе бидеме сè подобри како што ќе одминува турнирот“, изјави Марш.

— реклама —

На списокот се најдоа и голем број интернационалци, меѓу кои Џонатан Дејвид, Кајл Ларин, Стивен Јустакио и Тејџон Бјукенан.

— реклама —

Канада ќе настапи во групата Б, заедно со репрезентациите на Босна и Херцеговина, Катар и Швајцарија.

Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Канада, Соединетите Американски Држави и Мексико, а првиот предизвик за Канаѓаните ќе биде дуелот против Босна и Херцеговина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања