Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

(Видео) Дека бензиските не точат гориво дознал и Мицкоски, инспекторите на терен: Владата ќе интервенира ако цените драстично пораснат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Македонија
media-library9n0plb1na3984TtxGIc

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека во државата има доволно нафта и нафтени деривати и дека граѓаните не треба да бидат загрижени поради информациите за можен недостиг или ограничувања на бензинските пумпи.

— реклама —

„Имаме доволно нафта и нафтени деривати во државава. Граѓаните треба да бидат спокојни. Цените кај нас се драматично поевтини. Ако во Србија е 100 денари, кај нас е 70 и нешто. Доколку има драматичен скок на цената, ние како Влада на редовната седница ќе интервенираме, дали ќе намалиме данок или акциза, ќе застанеме во одбрана на стандардот на граѓаните“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека надлежните институции веќе постапуваат по информациите за евентуални неправилности на бензинските станици.

— реклама —

„Државниот инспекторат е на терен. Секое девијантно однесување ќе биде санкционирано“, рече премиерот, одговарајќи на новинарско прашање за поплаките од граѓани дека на одредени бензински пумпи не се точат деривати или се чекаат нови цени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7tkepp4i073k0MElvVB

Мицкоски: Од новиот државен јавен обвинител очекувам немилосрдно да застане на страната на правдата

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања