„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Дека ова е последен предлог е евтино заплашување, со сила убавина не бива, порача Димитров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
MFA_8353

Ексминистерот за надворешни работи Никола Димитров даде краток коментар за тезите “ова е последен предлог” и “секој следен предлог ќе биде само полош” кои инаку се заемно исклучиви. Тој вели: “Ако е последен, не може да има следен предлог нели?”.

— реклама —

Тој додава:

“Со политика на очај, паника и успех-по-секоја-цена сигурно ќе биде полош, иако искрено за тоа ќе треба голема креативност, бидејќи сегашниов не е компромис туку целосен пораз. Тешко е да се замисли полош предлог.

— реклама —

Дека бил последен е евтино заплашување, бидејќи сосема е легитимно да кажеме: Драги европски пријатели, три години ве слушаме дека и вашата црвена линија е да не се дозволи билатерализација на пристапниот процес. Таков став имаа и нашите американски пријатели. Во новата методологија напишавте “сите да се воздржат од злоупотреба на нерешени прашања во пристапниот процес.” Од една заедница на вредности, која во Лисабонскиот договор се заложила дека ќе ја негува културната и јазична разноликост на континентот, очекуваме да не’ разбере и да не толерира негирање на македонскиот јазик од една своја земја членка и да не одобрува наметнување на историски наратив со присила. Како што беа можни претходните балансирани предлози, германскиот и португалскиот, за некое време, ќе бидат можни и други балансирани предлози.

Се разбира, Бугарија ќе продолжи да биде клучен фактор и затоа ни треба целосна ревизија на билатералните односи. Ветото не може да се наградува со постојани концесии. Ова сегашново “решение”, иако на прв поглед победничко за Софија, всушност ја засилува уцената и навредата, што ќе продуцира само антагонизам, гнев и омраза, а тоа нема да може да се спречи преку “дисциплински мерки”. Наместо пријателство и блискост, ќе носи отпор и се’ поголемо оддалечување.

За вистинско зближување меѓу двете држави и меѓу македонскиот и бугарскиот народ, ќе треба заемна почит и прифаќање. Со сила убавина не бидува, туку со препознавање и разбирање на клучните грижи на соседот. Ниту еден договор што не стои на овие нозе, што не е вистински компромис, не може да продуцира ништо добро, ниту пак ќе заживее”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Hristijan-Mickoski-12.07.2022

Мицкоски: ДУИ влезе во пакт со Бугарија и го предаде македонскиот народ

Македонија | пред 3 години

MFA_8353

„Eуфоријата утре ќе заврши, затоа што ќе треба да се направи промена на Уставот“, вели Димитров

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.20.38

Верхеји: Претставниците на народот јасно кажаа дека ова сакаат да продолжи и пристапниот процес да се забрза

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.32.17

Мора да има измени на Уставот, дециден е Вархеји

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања