Декември со снег

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
vrnezi-dozd-vreme

Декември веројатно и нема да донесе некои врнежи од снег во главниот град. Како што денеска изгледаат прогнозите, Скопје во последниот месец од годината го чекаат многу дожд и температури кои нема да бидат нешто претерано ниски.

— реклама —

Оваа недела ќе ја завршиме во генерално врнежливо време. Утре се очекува некое мало разведрување но за викендот повторно ќе имаме дожд. Поради облаците, температурите нема да одат во минус во утринските часови а во текот на денот ќе се движат околу 10 степени.

— реклама —

Релативно високи температури за овој период од годината се очекуваат и од понеделник. Речи си цела работна недела ќе ја поминеме со двоцифрени дневни температури и утрински кои ќе бидат неколку степени над нулата. Крајот на неделата се очекува заладување кога утринските температури ќе се спуштат и под нулата а дневните ќе се движат околу 6 степени. Во текот на оваа недела се очекува и дожд, особено на почетокот и пред стартот на викендот.

— реклама —

Слични услови ќе имаме се до крајот на првата половина на месецот. Дожд ќе врне речи си секој ден а температурите и наутро ќе останат во позитива, а дневните ќе се движат околу 10 степени.

Постудена воздушна маса се очекува во претпоследната недела од декември. Заедно со влагата во воздухот и во облаците можно е да провее и снег. Утринските температури ќе се спуштаат и до минус 6 степени а дневните ќе останат околу  2 степени. Во такви услови можно е на кратко да се задржи и снежна покривка бидејќи не се очекуваат некои интензивни врнежи.

Последната недела од годината ќе биде генерално сува. Утрата ќе имаме температури од околу минус 7 степени а дневните ќе се искачуваат до 3.

Новогодишната ноќ се очекува да биде сува со минимални температури околу нулата а максимални до 8 степени.

Иако ваквите долгорочни прогнози не даваат прецизни податоци, сепак, она што сега се предвидува е дека повеќе снег во главниот град ќе има во јануари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања