Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Дел од фондот од наградната игра „Мој ДДВ #МојаНаграда“ оди во Фондот за справување со коронавирус КОВИД-19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
20190703093800

На оваа своја седница Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за намалување на наградниот фонд на наградната игра „Мој ДДВ, МојаНаграда“ и за уплата  на средствата во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.

— реклама —

Со заклучок на Владата му се препорачува на Акционерското друштво за приредување игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија“ средствата во износ од 4.383.410,00 денари да ги уплати на донаторската сметка отворена во рамки на Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија наменета за донации од правни и физички лица за справување  со КОВИД-19 епидемијата.

— реклама —

— реклама —

Владата ги задолжи Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Државна лотарија на Република Северна Македонија  да склучат анекс на договорот за заедничко организирање на наградната игра „Мој ДДВ #МојаНаграда“ и ја задолжи Државна лотарија на Република Северна Македонија да ги измени Правилата за приредување на наградната игра  „Мој ДДВ #МојаНаграда“ и да направи техничко прилагодување за реализација на одлуката.

Согласно Одлуката за измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето, Владата денеска ја усвои Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите органи на државната управа и се утврдува дека работното време во овие институции започнува помеѓу 07:30 и 08:30 часот и завршува помеѓу 15:30 и 16:30  часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања