„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Дел од повредените од петарди со ампутации – најавено можно заострување на казните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
media-libraryl4101oeks371fwrgbmc

Дел од лицата повредени за време на новогодишната ноќ при употреба на пиротехнички средства имале ампутации на прсти, информираше министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција. Воедно, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека се размислува за заострување на казнената политика за нелегална трговија и употреба на пиротехника.

— реклама —

Алиу соопшти дека биле хоспитализирани седум лица — двајца возрасни и пет деца.

— реклама —

„Пораката мора да се повторува секоја година, затоа што последиците од недозволената употреба на пиротехнички средства и понатаму се опасни. За новогодишната ноќ двајца возрасни и пет деца беа хоспитализирани поради посериозни повреди на прстите, при што кај дел од нив беше извршена ампутација. Три деца беа примени во Ургентниот центар, две на Детската клиника и двајца возрасни на Клиниката за пластична хирургија. Фактот дека меѓу повредените има деца, а кај дел од нив е направена ампутација, јасно зборува за сериозноста на последиците,“ изјави министерот Алиу.

Тој апелираше граѓаните да се воздржат од користење пиротехника до крајот на празниците:

— реклама —

„Петардите не се играчка, нивното користење е забрането и може да предизвика сериозни повреди.“

Тошковски: можно заострување на казнената политика

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека, и покрај засилените превентивни активности, употребата на пиротехнички средства останува сериозен проблем, особено во градските средини.

„За жал и покрај тоа што се зголемени превентивните кампањи, покрај тоа што е зголемена превентивната активност, јас сум жител на градот Скопје и констатирам дека навистина има доста употреба на пиротехника. И сум лично на размислување во делот на заострување на казнена политика која што е поврзана со, особено со ваков тип на криминал и нелегални дејности, во делот на санкционирање на оние коишто тргуваат, увезуваат, шверцуваат, продаваат или на било каков начин допринесуваат пиротехниката да заврши во рацете на дечињата,“ рече министерот.

Во нелегална група вмешан и полициски службеник

Тошковски потврди дека еден полициски службеник е осомничен за вмешаност во нелегално внесување на пиротехника.

„Согласно информациите што ги имаме, тој бил дел од групата за која постои сомнеж дека нелегално ги внесувала пиротехничките средства во Македонија… Индициите и доказите што ги имаме до овој момент се во насока на она што е споделено со јавноста – дека истиот учествувал во рамки на нелегални дејствија поврзани со внесување и транспорт на пиротехника,“ изјави Тошковски.

Случајот со двегодишното дете

Министерот повтори дека истрагата за трагичната смрт на двегодишното дете — повредено од залутан куршум — продолжува.

„Она што досега е официјализирано е дека станува збор за куршум кој е потврден од страна на надлежните органи… Не станува збор за куршум кој бил директно насочен за да се застрела детенцето, туку станува збор за залутан куршум,“ рече тој, додавајќи дека ќе се направи сè за откривање на сторителот.

Заедничка порака

И двајцата министри упатија апел:

да не се користи пиротехника — особено од деца — бидејќи последиците можат да бидат трајни и неповратни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypeve7cqoqul55gXGKJd

Затвор до 3 години, одземање дозволи и возила: „Безбеден град“ стартува од 1 февруари

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryutg66ivd5s6l3sK519Q

МВР ја поместува примeната на „Сејф сити“ – казните ќе стартуваат од февруари!

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryjn1k6d6tvlo67Zl6lKf

Полицијата казни 12 возачи во Скопје за време на прославата на Денот на албанското знаме: најмногу за опасно однесување

Македонија | пред 1 месец

media-librarybvp1d5ubv7al8Z758aP

Полицајци на пешачки со мобилни телефони го прекршуваат Законот, наместо да го спроведуваат: „За нив не важи“

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања