Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Делчево одбележува 116 години од смртта на великанот Гоце Делчев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
delcevo-1

Делчево се поклони пред великанот и патронот на градот Гоце Делчев. Со пригодна свеченост организирана од Општина Делчево и КУД „Гоце Делчев“ од Делчево по повод 116-годишнината од смртта на Делчев, се одбележа датумот на убиството на патронот на градот кој на денешен ден во 1903 беше убиен од турската војска во селото Баница.

— реклама —

По тој повод, пред споменикот на револуционерот во центарот на градот се поклонија и свежо цвеќе положија делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, делегација од Советот на Општина Делчево, предводена од претседателот на Советот, Драган Маневски, како и претставници на политички партии, институции и здруженија на граѓаните. Во рамките на одбележувањето членовите на КУД „Гоце Делчев“ прочитаа реферат за животот и делото на Делчев. Градоначалникот Горан Трајковки истакна дека Делчево со гордост го носи името на македонскиот револуционер.

– Градот Делчево го носи името на великанот Делчев од 50-тите години на минатиот век, а како следбеници на неговиот лик и дело ги промовираме неговите заложби и работиме да го изградиме нашиот град како достоен носител на неговото име, рече Трајковски.

— реклама —

По повод одбележувањето на 116 -годишнината од смртта на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев, вечерва во Македонската филхармонија во Скопје со почеток од 19 часот, ќе се одржи концерт на гудачкиот оркестар од Скопје и Софија „Гоце 116“ под покровителство на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, а во организација на Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“.

Концертот е во режија на Илија Каров, а ќе настапат Гонца Богоромова-Краповски, Десислава Тодорова, Марин Бабиќ, Христо Христов, квартет труби и гудачкиот оркестар од Софија и Скопје.

Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на Организацијата. По убиството, неговите посмртни останки до 1917 година се чувале во Баница, по што биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчегот со коските се чувал во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања