Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

„Делчевски ниви", уште една распрсната лага на СДС, Ковачевски и нивните апологети, истрагата се прекинува од обвинителството на Ковачевски, затоа што нема докази, смета ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
vmro-1

„Делчевски ниви", уште една распрсната лага на СДС, Ковачевски и нивните апологети, истрагата се прекинува од обвинителството на Ковачевски затоа што нема докази, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

— реклама —

Со месеци за ова СДС, Ковачевски и неговите апологети лажно обвинуваа за вмешаност на претседателот Мицкоски. Сега кога има потврда дека нема вмешаност на Христијан Мицкоски, СДС и Ковачевски треба да се извинат.

— реклама —

СДС, Ковачевски и нивните апологети конструираа случај каде што го нема, партискиот наратив се сведуваше на лаги за некаков криминал во таканаречениот случај „Делчевски ниви".

— реклама —

Сега откако ЈО го затвори предметот, заради немање на докази за криминал, сите обвинувања на СДС паднаа во вода, се испостави дека лажеле со цел да нанесат штета на ВМРО-ДПМНЕ со измислени афери.

— реклама —

Очекуваме Ковачевски со истиот жар и интензитет со кој што лажеше за некаков криминал, сега и да се извини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања