Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Делегации на СДСМ оддадоа почит во чест на големиот државен празник 2 Август - Денот на Републиката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Во чест на големиот државен празник, 2 Август – Ден на Републиката, делегации на СДСМ денеска положија свежо цвеќе и оддадоа почит на загинатите борци на неколку локации.

— реклама —

Во Скопје, делегација на СДСМ во состав Стефан Богоев член на ИО на СДСМ, Диме Велковски, член на ЦО на СДСМ и Ивана Трајкова од СДММ, положи свежо цвеќе и оддаде почит пред споменикот на Никола Карев, споменикот на АСНОМ во парк Жена борец, споменикот на Методија Андонов - Ченто и на споменикот на паднатите борци во НОБ на градските гробишта Бутел.

— реклама —

— реклама —

Во Пелинце, делегација на СДСМ во состав Костадин Ацевски, пратеник од СДСМ во Собранието, Татјана Прентовиќ, пратеничка од СДСМ во Собранието и Бојан Стојковски од СДММ,  положи цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ.

— реклама —

Во Смилево, делегација на СДСМ во состав Соња Карапец претседавач на ЦО на СДСМ, Васко Ковачевски, ОО СДСМ Битола и Роберт Наумовски, член на ЦО, положи свежо цвеќе и оддаде почит на три спомен обележја: Mогила на Даме Груев – обелиск, споменик на Смилевските илинденци и спомен плоча на Партизанскиот одред “Даме Груев”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања