Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Делегација на Бирото за јавна безбедност предводена од директорот Јанев учествува на Меѓународна асоцијација на шефови на полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG-51410a16c9062506cc97ecdca535845e-V

Во периодот од 19 - 23.10.2024 година во Бостон, Масачусетс, Соединетите Американски Држави се одржува Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на шефови на полиција (IACP), водечка организација која е фокусирана на унапредување на полицијата и безбедноста на глобално ниво.

— реклама —

Македонската делегација е предводена од Директорот на Бирото за јавна безбедност, г. Александар Јанев, во присуство на г. Мајкл Маки, полициско аташе за ICITAP при Амбасадата на САД во Скопје.

— реклама —

— реклама —

На оваа конференција полициски лидери, службеници и експерти од разни држави од светот ќе имаат можност да разменат најдобри практики, иновации и стратегии за справување со предизвиците во секојдневното полициско работење. Ваквиот пристап на соработка е значаен за унапредување на безбедносните практики и размена на искуства, зајакнувањето на капацитетите на полицијата. Преку запознавање со специфичностите и предизвиците со кои се соочува полицијата во САД, но и останатите полициски служби во светот, учесниците ќе имаат можност да добијат клучни информации за методологијата за справување со истите.

— реклама —

Конференцијата нуди одлична можност за градење нови партнерства, воспоставување на идни проекти и иницијативи.

Во текот на конференцијата, македонската делегација ќе присуствува на повеќе настани, а најавени се и средби со менаџментот на ИЦИТАП, федерални обвинители и повеќе директори на полиции и шефови на делегации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

helikopterska-edinica55-janev-4

(Видео) Јанев: 55 години хеликоптерска единица на МВР, спремни за одговор на секој професионален и хуманитарен предизвик

Македонија | пред 1 година

bjb-janev-ebr-1

(Фото) Директорот Јанев на кондиционен марш на Единицата за брзо распоредување

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања