Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Делегација на Општина Охрид во работна посета на Шведска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
ohrid

Секретарот на општина Охрид, Александар Китески, директорот на ЈП „Охридски Комуналец, Сашо Најдески и раководителот на Одделението за Управување со отпад и регионални депонии, Вера Рауник, беа во работна посета на Кралството Шведска, во Стокхолм и Јевле, а во рамки на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“ .

— реклама —

Општина Охрид е една од шесте општини во двата региона кои работат на проектот за одржливо управување со отпад финансиран од SIDA (Шведска агенција за меѓународна развојна соработка) имплементиран од SALAR International (Шведска асоцијација на локални власти и региони).

— реклама —
— реклама —

Целта на посетата беше да се пренесат искуства при спроведување на одржливи практики за управување со отпад, вклучително и ефективно собирање, рециклирање и повторно користење на отпадот, преку воспоставените системи и практики кои се покажаа успешни во шведските општини и региони. Учесниците беа запознаени и со потребата од заедничко надминување на предизвиците поврзани со регионалната и меѓуопштинсака соработка во регионот за управување со отпадот, преку подигање на свеста на граѓаните за одржливо управување со отпад, ефикасна организација, планирање и структура на работата на локално ниво, подобрена комуникација и промени во однесувањето, што ќе придонесе за пониски инвестициони и тековни трошоци и секако заштита на животната средина. Во предвидените активности, беше реализирана посета на фабриката „Екогас“ која е во доминантна сопственост на општините и во која се третира органскиот отпад, односно се произведува гас за возилата за подигање и транспортирање на отпад и јавниот превоз. Се презентираше станицата за рециклирање, како и начинот и организацијата на собирање на отпадот.

— реклама —

На работната посета во Шведска беа и претставници од останатите учесници на проектот од Југозападниот и Пелагонискиот регион.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања