Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Делегација на Собранието на студиска посета во Република Србија и Кралството Шкотска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
3-2-2

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија е на студиска посета во Белград, Република Србија и Единбург, Кралството Шкотска.

— реклама —

Во делегацијата се претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска и генералнaта секретарка, Цветанка Иванова.

Посетата е а организирана од Вестминстер фондацијата за демократија во рамки на потпишаниот Меморандум за соработка за воспоставување на парламентарна буџетска канцеларија во Собранието на Република Северна Македонија. Целта е запознавање со начинот на функционирање на буџетските канцеларии и нивната улога во зајакнувањето на надзорната функција на Собранието.

— реклама —

За време на посетата на Парламентот на Република Србија, делегацијата се запозна со начинот на функционирање на буџетската канцеларија, нејзината улога и надлежности, начинот на кој се подготвуваат анализите на буџетот и другите финансиски документи и нивното значење за пратениците. Беа остварени средби со претседателот и членовите на Комисијата за финансии, државен буџет и контрола на јавното трошење и со пратеници кои почесто ги користат анализите на Буџетската канцеларија.

Во текот на посетата на Парламентот на Кралството Шкотска во Единбург, делегацијата се запозна со начинот на функционирање на буџетската канцеларија, процесот на изработка на буџетот на Парламентот, улогата на внатрешната ревизија, улогата и надлежностите на Комисијата за финансирање и буџет, улогата и надлежностите на Комисијата за јавни сметки и улогата на Заводот за ревизија на Кралството Шкотска. Се дискутираше за придобивките од функционирањето на буџетската канцеларија, поддршката која таа им ја дава на Комисиите во Парламентот, начинот на разгледување на конечните ревизорски извештаи и нивното значење во контролата и надзорот на трошењето на јавните средства.

Остварени беа работни средби со членовите на Комисијата за јавни сметки, членовите на Комисијата за буџет, претставници на Владата на Кралството Шкотска, пратеници кои ги користат услугите на буџетската канцеларија.

Делегацијата присуствуваше на седница на Парламентот на која беа поставувани пратенички прашања.

Со Стратешкиот план на Собранието за периодот 2019 - 2021 година е планирано покрај законодавната, да се зајакне и надзорната функција на Собранието, во насока на поголема контрола на трошењето на јавните средства и зајакнување на надзорот над работата на извршната власт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања