Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Делегација на ССК учествува на 13 Светски коморски конгрес во Женева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
IMG_2168

21.06.2023, Женева - Делегација на Сојузот на стопански комори на Македонија предводена од претседателот Трајан Ангелоски и потпретседателите Горан Ѓоргиевски и Сашо Дуковски учествува на 13 Светски коморски конгрес кој се одржува од денес до 24 јуни во Женева, Швајцарија, како еден од најважните коморски настани со меѓународен импакт и влијание.

— реклама —

Темите кои се дискутираат на Конгресот се осврнуваат на најзначајните актуелни глобални прашања, а тргнувајќи од тоа дека меѓународната економија е клучна за унапредување на политичката соработка меѓу државите, програмата на конгресот е дизајнирана со фокус на „Постигнување мир и просперитет преку мултилатерализам“. Главните дискусии и дебати ги носат истакнати луѓе од економскиот и општествениот живот, меѓу кои и највисоки претставници на Интернационалната стопанска комора (ICC), Светската трговска организација, бизнис организации и институции од целиот свет меѓу кои и Антонио Гутерес, генерален секретар на ОН и Аџеј Банга претседател на Светска банка, кои во глобални рамки имаат важен импакт за креирање на подобри услови за водење на бизнисите.

— реклама —

Програмата на Конгресот ја обработува главната тема преку три под теми распоредени во текот на трите дена, мултилатерализам, иновации и одржливост.

Настанот се организира во Женева поради нејзиното глобално значење, како седиште на 39 меѓународни организации, вклучително и Светската трговска организација, над 400 невладини организации и 931 мултинационална компанија.

— реклама —

„Женева е важен центар за креирање на политики и правила на меѓународно ниво поради што и нуди можности најдобро да се покаже главната теза на конгресот дека мултилатерализмот е патот до заедничкиот просперитет. Горд сум што на ваков настан од највисок ранг имам можност да ја преставам нашата држава како претседател на Сојузот на стопански комори. Моја должност и задоволство е да работам, со моите колеги, на подобрување на економските услови ширум светот Настанот дава уникатна можност да се искористи меѓународната експертиза во унапредување на локалните состојби, преку можноста да се научи од туѓото искуство“, вели Ангелоски.

— реклама —

Ангелоски е и член на Генералниот Совет на Светската коморска федерација и единствен претставник на деловна мрежа од нашиот регион. Светската коморска федерација како тело на Интернационалната стопанска комора е единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, делува на зајакнување на врските меѓу коморите, но го претставува и гласот на бизнис заедницата во најрелевантните светски организации како Организацијата на Обединети Нации ООН, Г20, Светската трговска организација, како и Европската банка за обнова и развој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања