Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ на политичкото собрание на ЕПП во Брисел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
slika

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и меѓународниот секретар Влатко Ѓорчев учествуваат на политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел. Собранието на ЕПП започна со извештај на претседателот Жозеф Дол за актуелниот избор на Европската комисија (ЕК), Брегзит актуелностите, како и политичките состојби во европските земји.

— реклама —

Генералниот секретар на ЕПП, Антонио Лопез Истуриз особено се задржа на европските избори и политичката состојба во Шпанија.

— реклама —
— реклама —

Во текот на Собранието на ЕПП, Николоски и Ѓорчев остварија поголем број на билатерални средби и контакти, запознавајќи ги соговорниците со актуелните состојби во Македонија.

— реклама —

Собранието на ЕПП ќе продолжи утре, а претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат посебно обраќање. Воедно, ќе бидат остварени повеќе билатерални средби со преставници на Европската Комисија, пратеници од Европскиот Парламент каде главна тема ќе бидат актуелните состојби во Македонија, корупцијата во редовите на Владата, злоупотребите на власта, економското опустошување, како и барањето за предвремени избори, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања