Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Делегација на ВМРО—ДПМНЕ оствари средба со Генералниот Секретар на Европската народна партија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Slika

— реклама —

Делегација на ВМРО—ДПМНЕ оствари средба со Генералниот Секретар на Европската народна партија, Антонио Лопез Истуриз. На средбата соговорниците се осврнаа на резултатите од Претседателските избори и на идните стратешки приоритети на Партијата како и поддршката на ЕНП во таа насока. Взаемно беше заклучено дека одличниот резултат треба да претставува стимул за следните парламентарни избори. Лопез Истуриз беше информиран и за бројните злоупотреби кои се случија помеѓу првиот и вториот круг на гласање.

— реклама —
— реклама —

— реклама —

Соговорнците се согласија дека е потребно да се продолжи со создавање на цврста рамка за понатамошно партиско надградување, и тоа примарно изработка на нова програма која ќе даде одговор на бројните предузвици и проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Се разговараше за ангажирање на врвни експерти од сите области кои би ги имала програмата, а се разменија и позитивни искуства од сестринските партии на ЕНП. Лопез Истуриз ја потврди силната и недвосмислена поддршката на ЕНП за ВМРО—ДПМНЕ во тие процеси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања