Промени тема
Контакт

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на поранешниот претседател Борис Трајковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Slika-2-1

По повод 18-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште.

„Покојниот Борис Трајковски претставува една светла фигура од современата македонската историја. Тој силно веруваше во Македонија и нејзината иднина. Дома и во светот ќе остане запаметен како човек кој силно се бореше за мирот и стабилноста не само на Македонија, туку и на целиот регион. Неговата љубов кон Македонија и кон народот, но и неговите морални и професионални принципи беа и ќе останат пример за тоа како со силна волја и посветеност се премостуваат сите предизвици и се решаваат проблеми во духот на европските и демократските вредности.

— реклама —

Во овие тешки и мрачни времиња, визионерството на Трајковски треба да биде ѕвезда водилка во решавањето на секаков конфликт. Разумот и разбирањето се основата на дијалогот кој секогаш води до целта, а тоа е мирот и просперитетот. Борис Трајковски е симболот на овој дијалог меѓу различните луѓе, меѓу различните религии, култури и цивилизации.

— реклама —

Вечна да е славата на Борис Трајковски.

— реклама —

Вечен нека е споменот на неговото дело“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања