Промени тема
Контакт

Делумно обновен сообраќајот низ Ла Манш – „Евротунелот“ сè уште со големи доцнења, илјадници патници заглавени со часови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-libraryc4l796bfvtc40i05CgN
Unsplash

Работата на санирање на дефектот во железничките линии меѓу Британија и Франција продолжи и во текот на ноќта, а дел од сообраќајот низ Евротунелот е повторно воспоставен. И покрај тоа, возовите на „Еуростар“ и „ЛеШатл“ и денес сообраќаат со повеќечасовни доцнења, јавува Би-Би-Си.

Проблемите започнаа поради дефект на системот за електрична енергија и оштетени надземни кабли, во комбинација со застој на еден од возовите на „ЛеШатл“. Последиците беа хаос во пресрет на новогодишните патувања – илјадници патници заглавија на пероните и терминалите, дел од семејствата чекаа со часови во автомобилите, а имаше и возови што останаа под земја под Ла Манш без можност веднаш да продолжат.

— реклама —

Според Би-Би-Си, најмалку десет возови на „Еуростар“ од и кон Лондон, Париз, Брисел и Амстердам беа откажани уште пред пладне. Компанијата им се извини на патниците и понуди враќање на средствата, промена на термин или е-ваучери. Дел од патниците сведочат дека чекале по шест до седум часа на станиците.

„Гетлинк“, операторот на Евротунелот, информира дека сообраќајот моментно се одвива преку една линија, со доцнења и до пет часа. Оштетениот воз бил извлечен, а патниците се повикани да не поаѓаат кон станицата Сент Панкрас во Лондон доколку нивниот воз е откажан.

Првиот воз на „Еуростар“ кон Брисел тргна нешто по 16 часот, но метежот продолжи и на патиштата – долги колони возила се формираа на автопатот М20 кај терминалот Фолкстоун.

— реклама —

Иако дефектот постепено се отстранува, нормализацијата на сообраќајот ќе трае извесно време, а засегнатите патници сè уште бараат алтернативни начини да стигнат до своите дестинации во најгустата празнична сезона.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfdttt9q7nmpl2PSv9s1

Брод со 157 мигранти се запали во Ламанш

Свет | пред 4 седмици

pop-acev-la-mans

(Фото) Подвиг за восхит - пливачот Евгениј Поп Ацев го преплива Ла Манш

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања