Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Демант: AA се оградува од веста за поддршка на македонски кандидат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

Алијансата за Албанците преку оваа реакција, се оградува од секоја лажна вест и клевета посочена кон нашиот субјект, наводно дека ќе поддржиме на македонски кандидат во вториот круг, се вели во реакцијата од Алијансата за Албанците.

— реклама —

И за време на процесот на уставните промени, го поддржавме Преспанскиот договор со цел да станеме членка на НАТО и целосно сме посветени на патот кон интеграција на државата во Европската унија. Ова го потврдуваме постојано уште од самото основање на Алијансата за Албанците.

Алијансата за Албанците секогаш работеше и ќе работи на унапредување на статусот на Албанците во Северна Македонија.

— реклама —

Алијансата за Албанците не прави политичко пазарење зад очите на јавноста ниту за претседателските избори ниту за локалните избори. Нашата единствена цел е победа на искрените Албанци во двете трки во кои што влеговме.

Алијансата за Албанците никогаш не направила изборно партнерство со ниту еден македонски ентитет, ниту пак ќе го стори тоа во било кој момент, ако тоа не е во служба на унапредување на правата на Албанците во согласност со политичката платформа на АА и во целосна транспарентност со Албанците и широката јавност. Албанците добро знаат кој се пазари и кој чека на вратите од владата без принципиелен и транспарентен договор, туку само за тесни интереси на кланот или за опстанок поради многубројните хипотеки.

Тенденциозните вести имаат за цел под било кој услов  да ја дефокусираат јавноста од утрешниот протест во одбрана на Фета Алими, или од успехот на Блерим Река и Арбен Аголи, нарачателите на лажните вести, најдобриот одговор ќе го добијат на 21 април, стои во реакцијата од Алијансата за Албанците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања