Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Демант на Фазлиу во врска со кривичните пријави од Финансиската полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
20181206_111642

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу демантира дека бил инволвиран во случајот на  незаконска исплата на пари од проект на ИПА фондовите. Финансиската полиција вчера информира дека Фазлиу и поранешниот министер за локална самоуправа Лирим Шабани, како и две вработени во министерството добија кривични пријави.

— реклама —

„Синоќешните јавни обвинувања од страна на медиумите, а во име на финансиската полиција припаѓаат на времето и мандатот кога со ова Министерство управувал некој друг. Во мое време, пред една година овој случај е затворен. Им наложив на споменатите соработници во обвинувањата да ги вратат средствата- и средствата беа вратени.

— реклама —

Објавувањето на овој случај, конкретно во ова време, и тенденцијата по секоја цена во име на финанасиската полиција да се стави дамка на моето име и мојата личност е пратено на погрешна адреса. Апелирам до сите релевантни институции во државата, а исто и до финансиската полиција сериозно да се зафатат со истражување, откривање и документирање на злоупотребите, корупцијата во сите сегменти на државата, без да поштеди ниту поединец, ниту група на организиран криминал.  Крајно време е раководителот на Управата за финансиска полиција сериозно да се зафати со реалните злоупотреби кои се вкоренети во Македонија во последните 20- 30 години, и да не дозволи да стане дел од политичките игри барајќи криминал таму кадешто не му е место, а затворајќи очи таму кадешто и слепиот гледа реален и организиран криминал“, се вели во демантот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања