Промени тема
Контакт

Демантирам дека во МВР има неорганизираност, наредната недела стигаат уште 85.000 обрасци, вели Бојмацалиев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
mitko-bojmacaliev-2

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за Канал77 рече дека не може да стане збор за неорганизираност во МВР, бидејќи во континуитет се извршуваат услугите кон граѓаните.

— реклама —

„Не станува збор за никаков хаос, неорганизираност, саботажа или немање обрасци. Ако ги гледате бројките изминатите години колку била заинтересираност за промена на лични документи, а тоа доведе од целата политичка пропаганда од оние кои денес бараат пасош плус повеќе зборувам за политичарите со Северна, ние од отпочнувањето на самиот процес, од јули 2021 со издавање на сите лични документи со Северна Македонија, сме можеле комотно да го завршиме целиот процес. Сме имале обрасци, машините биле спремни, организацијата на МВР била спремна и од јули до месец февруари 2024, сме можеле комотно 2 милиони документи да испечатиме со Република Северна Македонија. Уште еднаш потврдувам дека обрасци има, имало и ќе има. МВР била на висина на задачата и 2021, 2022 кога имало околу 50.000 граѓани, декември-јануари и кога имало 170.000 заинтересирани граѓани биле примени од страна на службите на МВР и таа услуга им била дадена. Уште еднаш потврдувам и ги демантирам сите гласини дека во МВР немало организација, имало хаос, фалеле обрасци. Напротив, има организација, сме излегле во пресрет на секој еден граѓанин. Обрасци имало, има и ќе има”, рече Бојмацалиев, додавајќи дека ги кажува бројките и фактите, при што уште еднаш ги зеде како пример пратките на обрасци.

— реклама —
— реклама —

„Јас не кажувам дали некој лаже, јас ги кажувам фактите и бројките. На денот на примопредавање стигаат 50.000 обрасци подоцна 20.000, четвртокот навечер 140.000 обрасци, наредната недела стигаат 85.000 обрасци, или вкупно со тие што ќе пристигнат се 1.734.000 обрасци”, потенцираше Бојмацалиев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryup6bq39tpp3rbxCPnCm

Татко го нападнал синот и му нанел повреди

Македонија | пред 12 минути

— реклама —
media-library9d1221373vnl9jipQTa

Расправија за паркинг прераснала во физички напад во автоперална

Македонија | пред 55 минути

media-library92lrdbfjqo6ja0Rr6Lu

49-годишен тетовец приведен за управување мотоцикл без возачка дозвола

Македонија | пред 55 минути

media-librarym294j99o9llg2LG9cH3

Пожар кај воениот комплекс Еребино: Горела сува трева, зафатена и површина во комплексот

Македонија | пред 56 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања