Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ДЕМОКРАТИ: Единствен критериум за вработување да биде стручноста, а не партиска или етничка припадност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
jorgo-1

За жал во нашата држава има повеќе критериуми за вработување во јавната администрација, но два критериуми се најштетни, по основа на партиска или национална припадност, се вели во соопштението од Демократи.

— реклама —
Тие додаваат:

Не е ни чуди дека јавната администрација брои повеќе од 130.000 вработени и повеќето од овие вработувања се креирани на политичка и национална основа. Иронијата и штетата да биде уште поголема има луѓе кои седат дома и земаат плата од времето на Рамковниот договор, потпишан на 13 август, 2001 година.

— реклама —

ДЕМОКРАТИ крајно го осудуваат ваквиот начина на вработовање од страна на политичките партии СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ, кои не само што не е фер и демократски, исто така е крајно штетен за економијата и моралот на граѓаните кога бараат работа.

— реклама —
ДЕМОКРАТИ бараат итно да им се укинат работните места на сите „вработени“ по етничка основа (лажни вработувања), кои седат дома и земааат плата со години.

— реклама —
Надлежните кои ги креираа овие лажни работни места да бидат кривично прогонувани и да ја надокнадат финансиската штета на државниот-народниот буџет на Македонија!

ДЕМОКРАТИ предлагаат итно да се донесе закон за вработување во јавната администрација, во кој закон единствен критериум за вработувањето ќе биде квалитетот, стручноста, работното искуство, а не политичката и етничката припадност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања