Демократи: Кој треба кривично да одговара за стечајот на Евростандард банка?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
eurostandard-banka

Кој треба кривично да одговара за стечајот на Евростандард банка, прашуваат Демократи?

— реклама —

Дали менаџерскиот тим на банката или кривична одговорност треба да понесе гувернерката и незиниот тим на Народната банка на Македонија?

Гувернерката Бежовска вели дека банката изминатив период била под засилен надзор, а супервизорските тимови постојано констатирале висока изложеност на кредитен ризик. Ова значи дека се давале повеќе кредити од можноста на банката, без да се обезбеди соодветно покритие за нив. Побарале докапитализација, која банката не ја спроведила во целост.

— реклама —

136.619 илјади депоненти со вкупно 4,4 милијарди денари заштеди до 30 илјади евра, не треба да стравуваат за депозитите затоа што законски се загарантирани и ќе им бидат исплатени, но за 780 штедачи кои имаат над 30 илјади евра нема да бидат обесштетени целосно и ќе добијат одредена сума на пари ако има од стечајната постапка.

ДЕМОКРАТИ ја прашуваат гувернерката ако таа и незиниот тим знаеле за незаконското работење подолго време зошто не го спречиле на време незаконското работење на Евростандард банката?

Во меѓувреме парите на сите штедачи се блокирани и треба да се снаоѓаат како можат и умеат за да преживеат, додека чекаат да им се вратат парите, се вели во објавата од Демократи.

 

https://www.facebook.com/demokratimk/photos/pcb.724016488386048/724011721719858/?type=3&theater

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања