Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Демократи: Невидена негрижа за пензионерите од страна на Фондот за пензиско и луѓето што го водат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
demokrati-2

„После пропаѓање на Еуростандард банка 40.000 пензионери нема да земат пензија идната недела, а пензија ќе земат тогаш кога ќе отворат сметка во друга банка.

Демократи не можат да го разберат и поддржат ова несовесно и неодговорно однесување на Фондот за пензиско и луѓето што го водат.

— реклама —

Како не им е ни малце грижа да се запрашаат како овие пензионери ќе преживеат без своите пензии, кога повеќето од нив живеат од своите пензии месец до месец.

— реклама —

Демократи ве прашуваат дали сте вие свесни дека многу од пензионерите имаат здравствени проблеми, а некои не се ни подвижни и не се во можност одма да отворат сметки во банка, а да не зборуваме дека не е возможно 40.000 пензионери да отворат сметки за толку краток временски приод во други банки, поготово во време на пандемија која го отежнува отворањето на сметки во банките.

— реклама —

Демократи бараат итно Фондот за пензиско да им помогне на овие пензионери да добијат пензии дома, како што 34.000 пензионери ги добиваа пензиите до сега, а не да ги останат без пензија додека отворат сметки во други банки.

Исто тоа се однесува и за примателите на социјална помош“, велат од политичката партија Демократи.

https://www.facebook.com/demokratimk/photos/a.194471641340538/731034954350868/?type=3&theater

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања