Демократи: Пензискиот Фонд е во голема опасност од банкротирање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
jorgo-1

Според податоците на Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување во Македонија има 325 илјади пензионери. За нив минатата година се исплатени скоро милијарда евра, односно 915 милиони евра, се вели во објавата на Демократи. Тие додаваат:

— реклама —

Како ДЕМОКРАТИ сметаме дека ако во иднина не се креираат стотици илјади нови работни места во стопанството, Пензискиот Фонд ќе банкротира и пензиите ќе се намалат драстично, на место да се зголемат.

Добро е познато дека на еден пензионер потребно е да има 4 до 5 вработени да го полнат Пензискиот фондот за да може да опстане. Ако сметаме дека во Македонија има 325 илјади пензионери тогаш треба најмалце да има 1.3 милиони вработени за да го полнат фондот.

— реклама —

ДЕМОКРАТИ веруваат дека во државата нема толкав број вработени, напротив, ние не сме сигурни дали има толкав број граѓани кои живеат во Македонија.

ДЕМОКРАТИ бараат одговор од властите да ни кажат колку вработени има во Македонија на еден пензионер, каква е финансиската состојба во Пензискиот Фонд и колкава сума на пари се уплаќа во истиот годишно?

https://www.facebook.com/demokratimk/photos/a.194471641340538/740829230038107/?type=3&theater

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања