„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Демократски сојуз: За демократизација на државата треба да се промени Изборниот законик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
1.trajanov-kabinet

„Во врска со најавите за можни предвремени парламентарни избори, Демократскиот сојуз, ја афирмира идејата за тоа Македонија да биде една изборна единица.

— реклама —

Демократскиот сојуз смета дека за демократизација на државата и демонтажа на "еднопартискиот систем", треба да се направи голем исчекор, а тоа е да се промени Изборниот законик, со кој ќе се определи Македонија да биде една изборна единица.

Само со една изборна единица составот на Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните и ќе се зголеми одговорноста на извршната власт, како и влијанието на граѓаните при носењето на битни одлуки за перспективите на државата.

— реклама —

Постојниот изборен модел со шест изборни единици, промените за финансирање на политичките партии, медиумската презентација, редоследот на партиите на гласачките ливчиња, составот на избирачките одбори, Државната изборна комисија и сл., ги форсира двете партии, ВМРО -Д0МНЕ и СДСМ, овозможувајќи им 28 години да бидат на власт, без било какви шанси и можности да дојде трета партија на власт.

Демократскиот сојуз смета дека треба прво да се направат измени во Изборниот законик и да се обезбедат исти предуслови за фер политички натпревар, па после тоа да се организираат парламентарни избори.

Демократскиот сојуз ги повикува сите помали партии заедно да се ангажираме и се избориме за фер услови за политички натпревар“, се вели во соопштениет на Демократски сојуз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања