Голем опозициски протест на ,,Еден од пет милиони” во Белград се одржа синоќа на кој се повториja барањaто за оставка на Вучиќ и обезбедување на услови за фер избори.
Повеќето беа млади демонстранти – на возраст од 20-30 години, кои категорично се изјаснуваат дека повеќе не сакаат да живеат под режимот на претседателот Александар Вучиќ. Незадоволните бараа и оставки на премиерот Ана Бурнабиќ и на претседателката на парламентот Маја Гојковиќ.
Жителите носеа многу пароли, вклучувајќи ги и оние на кои претседателот Вучиќ се изедначува со Адолф Хитлер, и севрнокорејскиот режим.
Претставниците на протестот „Еден од пет милиони” порачаа дека се подготвени за разговор со надлежните органи и дека во следните денови ќе делегираат претставници за сите три предложени работни групи.
Целта на организаторите на протестите е и да се покаже сила и масовност на демонстрациите, како и да го привлечат вниманието на меѓународната јавност.
Додека демонстрантите зборуваа пред Собрание, внатре пратениците на СНС држеа стража за да не дојде до преземање на власта и насилен упад , како што велат од власта. Пратеницуите беа помогнати од силни полициски специјални единици кои влегоа во парламентот.
Според Вучиќ, не треба да има начин да се отстапи пред како што тој вели насилството и фашизмот во земјата.